Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цивил и помалите партии согласни дека нема услови за фер избори

Цивил и помалите партии согласни дека нема услови за фер избори

Услови за фер и демократски избори на 5 ти јуни нема.

Ова е заклучокот од спроведениот мониторинг на центарот за слобода Цивил. Од Цивил велат дека и нивните истражувања покажале дека е најдобро изборите да се одложат за крајот на септември.

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска вели дека 11-те институции кои ги дадоа податоците за избирачкиот список,  а особено ДИК,  не се сериозни и си играат мајтап со сите нас околу конечната листа на спорни гласачи.

Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, смета  дека нема да имаме фер избори ниту во септември, ако креаторите на кризата не понесат одговорност.  Ако се пролонгираат изборите, Македонија треба да биде една изборна единица, вели Трајанов.

Од НСДП рекоа дека Специјалното јавно обвинителство е главната причина за инсистирањето на Груевски да се оди на избори што побрзо.

Од ЛДП се со став дека одложувањето на изборите нема да смени ништо.

Слично

Поврзани вести