ЦИВИЛ бара чист изборен процес, сите притисоци да се пријават
ЦИВИЛ се активира по донесувањето на одлука за одржување на избори на 11 декември и како невладина организација го става својот капацитет во функција на граѓаните. Предизборниот период ќе даде јасен сигнал за политичката состојба во државата и дали има демократска и слободна атмосфера, па затоа се повикува секој кој е под притисок за глас да пријави.
„Факт е дека суштински реформи не се спроведуваат, а на теренот и во медиумите беснее валкана политичка кампања. Злоупотребите, притисоците и политичката корупција не стивнуваат. Република Македонија е исправена пред сериозни предизвици во претстојниот период. Цивил апелира до сите граѓанки и граѓани да се вклучат во напорите земјата да излезе од оваа долгогодишна криза и да го одбранат своето гласачко право. Секој вид на политичка корупција, притисок, закана, злоупотреба или каков и да е облик на кршење на човековите права и слободи треба да се пријави“, се наведува во соопштението на Цивил.Цивил ги повикува сите да пријават злоупотреби, злоупотреби, притисоци, дискриминација, корупција и други облици на незаконско работење во секое време. Тоа може да се стори преку онлајн формуларот на www.slobodniizbori.info, на тел. 02 / 520 91 76, e-mail: monitor@civil.mk или лично, во седиштето на организацијата или на набљудувачите кои се овластени од организацијата, распоредени низ целата земја.
Слично
