Економија, финансии, бизнис

Контакт

Циркус во Законодавно-правната комисија! Едните трубат, другите ни мравка не ги лази

Циркус во Законодавно-правната комисија! Едните трубат, другите ни мравка не ги лази
Циркус во Законодавноправната комисија. Пратениците на опозицијата предводени од Сафет Бишевац и Ѓорѓи Сугаревски со труби и знамиња се обидуваат да ја оневозможат рабората на оваа комисија каде претседавач е Благородна Дулич. Опозицијата обвинува дека ВМРО ДПМНЕ сака денеска на сила да ги истурка амандманите од оваа комисија за буџетот да може да дојде на пленарна седница. Додека Бишевац, Сугаревски и останарите пратеници прават метеж по комисијата, Малиша Станковиќ од Социјалистичката Партија, си ги чита амандманите како ништо да не се случува, а претседателката  Дулиќ се прави дека не ги забележува пратениците од опозицијата. Опозицијата тврди дека ова е незаконско функционирање на комисијата, затоа што аманднамите претходно не поминале преку Комисијата за финансирање и буџет.
Слично

Поврзани вести