Економија, финансии, бизнис

Контакт

Циркус во Собранието за буџетот, настрада еден нокт, многу заканувачки прсти!

Циркус во Собранието за буџетот, настрада еден нокт, многу заканувачки прсти!

Амандманската расправа за буџетот во матичната собраниска комисија за финасирање и буџет и на законодавно правната комисија за малку ќе предизвикаше тепачка помеѓу пратенците од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Инцидентот настана откако пратениците од СДСМ побараа во исто време да не се одржува седницата на Комисијата за финансирање и буџет и седницата на Законодавно правната комисија.

Работата излезе од контрола откако претседателката на законодавно правната комисија и пратеник од ВМРО ДПМНЕ, Благородна Дулиќ, која претседава со Комисијата, не и дозволи на пратеничката Цветанка Иванова од СДСМ процедурално да реагира на водењето на седницата.

Пратениците од опозицијата застанаа пред претседателката Благородна Дулиќ и и го земаа микрофонот.

Претседателката на Комисијата, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благородна Дулиќ, за пратениците од опозицијата го крши деловникот, со цел на оваа собраниско тело да поминат отфрлените амандмани на опозицијата од Комисијата за финансирање и буџет.

Во Законодавно правната комисија присутни беа повеќе пратеници и од власта и од опозицијата, по што следуваа серија вербални препукувања, закани, меѓу Јани Макрадули и Илија Димовски, меѓу Драгиша Милетиќ и пратениците од власта.

Во овие моменти и на комисијата за финасирање и буџет во тек е вистинска караница помеѓу власта и опозицијата. На комисијата присутен е и министерот за финасии, Зоран Ставрески.

  http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=PNrELFOw43E видео: 24 вести  
Слично

Поврзани вести