Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас: Велигден – нова надеж и подобро утре

Ципрас: Велигден – нова надеж и подобро утре

Грчкиот премиер Алексис Ципрас им порачал на Грците овогодинешниот Велигден да им донесе „обнова на надежта и подобро утро“.

Ципрас овој Велигден го издвои како посебен, истакнувајќи дека тој христијански празник „донесува нова надеж ... во подобро утре, кое веќе ги направило своите први чекори“, рекол Ципрас.

„Ова е наше воскреснување. Ова е Велигден на сите нас кои донесовме одлука да застанеме исправно, да погледнеме нагоре и обединети да ги надминеме сите тешкотии на ова време“, рекол Ципрас.

Според грчкиот премиер, пораката на велигденскиот празник е порака на живот и правадата која се слушнала во Грција, во Европа и ширум светот.

„Веќе направивме голем почеток. Имаме право и способност да го донесеме до крај. Пролетните создавања мора да стават точка на зимата во мирување со судбината“, додал Ципрас.

Претседателот на Грција Прокопис Павлопулос изразил надеж дека овој Велигден за сите луѓе, а посебно за Грција , ќе означи конечно преовладување на човечкото достоинство низ заштита на неотуѓивите суштински човечки права и низ воспоставување на социјалната правда.

Лидерот на главната опозициона странка во Грција Нова Демократија Антонис Самарас посакал по повод Велигден на граѓаните напредок и здравје и изразил надеж дека државата „наскоро ќе излезе од тешкотиите и дека жртвите на грчкиот народ конечно ќе бидат оправдани и ќе донесат резултати“.

Слично

Поврзани вести