Ципрас стравува дека Грција ќе остане без пари до крајот на март
Грчкиот премиер Алексис Ципрас стравува дека Грција ќе остане без пари во крајот на март, соопштува „AFP“, повикувајќи се на германскиот весник „Frankfurter Allgemeine Zeitung“.
Грците треба да бидат подготвени дека платите и пензиите може да не и бидат исплатени во целиот износ на крајот од март, пишува весникот.
Лидерот на радикалната левичарска партија „Сириза“, која е на власт два месеци, изразил загриженост пред претседателот на Еевропскиот Парламент Мартин Шулц за време на нивниот состанок во Брисел.
„Ципрас има итна потреба од пари. Затоа треба да ја убеди еврогрупата и Европската централна банка во волјата да преземе реформи, и тоа уште од следната недела“, изјавил Шулц за весникот.
Слично
