Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас си поднесе оставка

Ципрас си поднесе оставка

Грчкиот премиер Алексис Ципрас си поднесе оставка за време на телевизиското обраќање до нацијата, соопштија светските новински агенции.

Ципрас изјавил дека мандатот, кој го добил на последните парламентарни избори на 25 јануари од грчкиот народ, го достигна својот лимит и сега луѓето треба да одлучуваат повторно.

Алексис Ципрас свика предвремени избори, нагласувајќи дека Грците треба да одлучат дали владата ја претставувала земјата со храброст пред кредиторите.

Ние не постигнавме договор каков што сакавме, но тоа беше најдобро во овие околности. Ние сме должни да го исполниме договорот, но ние ќе се бориме да се ублажат неповолните последици.

Јас ќе барам од грчкиот народ да се произнесе и да ја продолжиме нашата владина програма, изјавил Ципрас.

Слично

Поврзани вести