Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас: Референдум ќе има, да гласаме со „не“

Ципрас: Референдум ќе има, да гласаме со „не“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјавил во телевизиското обраќање до нацијата дека референдумот во неделата ќе се оддржи.

Во почетокот на својот говор тој изразил благодарност до нацијата. „Драги Грци, ви благодарам што останувате толку мирни и стрпливи“. Истовремено Ципрас ги повика Грците да гласаат со „не“, за „подобар“ договор, пренесува „Bloomberg“

„Не“ значи социјално праведно решение“, истакнал грчкиот премиер. Според него „не е гласање не за напуштање на Европа, туку за враќање кон европските вредности“.

„Кој ќе гласа на референдумот со „да“, ќе стане соучесник. Навистина Грција мора да спроведе реформи, но тие треба да се направат од самата Грција. Референдумот во неделата нема ништо заедничко со еврото и со членството во ЕУ“, изјавил Ципрас. „Уценувањето треба да запре“, додал тој.

Уште еднаш Ципрас ги обвини кредиторите за уцена. Според него кредиторите се „злонамерни и сакаат да се одмаздат“ и тие го предизвикале затворањето на грчките банки како реакција на објавувањето на референдумот. „Откако видоа дека не можат да ни разубедат, се обидуваат да го разубедат секој обичен граѓанин“.

Во обраќањето до нацијата премиерот изјавил дека ако грчката влада добие позитивен одговор од кредиторите на предлозите, тој ќе реагира веднаш.

Премиерот ветил дека пензиите и платите се сигурни и дека банкарските депозити на граѓаните нема да бидат изгубени.

„Ве уверувам дека оваа ситуација е привремена“, додал премиерот. Истовремено, тој гарантира и демократско решение, но истовремено ги предупредил дека Грција треба да каже „не на рецептите кои ја демолираа Европа, за да добиеме подобра понуда за договор“.

Слично

Поврзани вести