Ципрас пристигнува во Москва, ќе разговара со Путин за економската соработка и санкциите против Русија
Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе пристигне денес во посета на Москва, каде ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Двајцата лидери ќе разговараат за билатералните економски односи, како и санкциите на Европската унија против Русија.
Москва се надева дека ќе добие поддршка од некои земји членки на ЕУ, особено Унгарија и Грција, за олеснување на казнените мерки против Кремљ поради неговата улога во конфликтот во источна Украина.
Минатата недела портпаролот на Путин - Дмитриј Песков - објавил дека е премногу рано да се зборува за тоа каква и да е можност Москва да и обезбеди финансиска помош на Грција.
„Односите меѓу Москва и Европската унија ќе бидат разгледани по политиката на Брисел за санкциите и на ладниот однос на Атина кон зададената политика“, објаснил Песков.
Грчките власти тврдат дека нема да бараат помош од Москва, но владата на чело со левичарската коалиција „СИРИЗА“ и така не успеа да склучи јасен договор со ЕУ и ММФ за доделување на потребните средства.
За рускиот весник „Комерсант“ извори од грчката влада велат дека средбата меѓу Ципрас и Путин може да се претвори во „нов почеток во односите меѓу Русија и ЕУ“.
Од Кремљ за возврат коментират дека Москва размислува да обезбеди попуст од цената на гас за Грција, како и кредити, но против „попречното движење - особено стекнување на одредени средства во Грција“.
