Ципрас: Претставивме реален план за реформите пред кредиторите
Грција им преставила на меѓународните кредитори реален план за реформи, кој предвидува отстапки од страна на Атина.
Ова го изјавил грчкиот премиер Алексис Ципрас, пренесе „Франс прес“.
„Ноќеска на кредиторите им беше претставен целосен план“, им објаснил Ципрас новинарите.
Тој ги опишал предлозите како „реален“ план за спас на земјата од рецесијата и сиромаштијата.
Пред новинарите Ципрас не дадал детали за предлозите, но зборувал за „попусти кои ќе бидат тешки“.
Слично
