Ципрас прерано се израдува, ЕЦБ ги скратува парите
Европската централна банка одлучи да веќе да не ги прифаќа грчките обврзници како осигурување за грчкиот надворешен долг, со што товарот за финансисрање на грчките банки го префли врз Грчката централна банка и со што ќе ја изолира Грција ако владата не постигне договор со „тројката“ кредитори.
Одлуката беше донесена само неколку часа по средбата на грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис со претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, во Франкфурт. Варуфакис од средбата си замина со убедување дека ЕЦБ ќе стори се што е потребно да им помогне за земјите членки, како што е Грција, но се случи спротивното. Ова значи дека Грчката централна банка во следните неколку недели ќе мора да обезбеди десетици милијарди евра преку итни и поскапи заеми за да обезбеди пари за банките. Одлуката на ЕЦБ стапува на сила на 11 февруари годинава. Еврото во средата навечер, пак, нагло падна во однос на доларот поради оваа одлука. Во меѓувреме грчкиот министер Варуфакис се изјасни дека одлуката на Европската централна банка нема да има несакан ефект врз финансискиот сектор во Грција зашто тој сѐ уште е заштитен со други средства кои им се на располагање.
Слично
