Ципрас повика вонреден конгрес на СИРИЗА
Грчкиот премиер Алекисс Ципрас предложил предвремен конгрес на партијата „СИРИЗА“ во текот на вонредна седница на нејзиното раководство.
„Предлагам да спроведеме ... вонреден конгрес во септември. Го повикувам секој да преземе политичката одговорност за единството на „СИРИЗА“, изјавил Ципрас пред централниот комитет на партијата.
Меѓу раководството има многу противници против склучениот договор за нова финансиска помош, против одбивањето на Ципрас да ја напушти еврозоната и да се воведе драхмата.
Претходно на седницата тој изјавил дека излегувањето од еврозоната „би довело и до огромни тешкотии за населението. Бидејќи државата нема девизни резерви за да ја задржи сопствената валута, таа требаше да биде принудена повторно да се обрати за помош од ММФ“, истакнал премиерот.
