Ципрас потпишал документ со „Македонија“ , Атина демантира!
Македонските проблеми на втората влада на Алексис Ципрас продолжуваат.
Најнапред министерот за миграцијата Јанис Музалас во интервју за телевизијата "Скај" го употребил забранетиот збор "Македонија" и иако брзо се извини за грешката, дел од партиите во владејачката коалиција му побараа оставка.
Сега на ред е самиот премиер, кој за време на посетата во Франција на 12 март оваа година потпишал документ, во кој повторно е забележано името "Македонија".
Овие информации се потпираат на неколку грчки медиуми кои го сметаат овој промашок за непростлив.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас по минатонеделната средба со францускиот претседател Франсоа Оланд не потишал заедничка изјава во која стои уставното име на Македонија, демантираат од официјална Атина.
Кабинетот на Ципрас кој реагираше по пишувањата во грчките медиуми дека грчкиот премиер потпишал коминике во кое нашата земја е ословена како Македонија. Написите во медиумите почнаа по изјавата на пратеникот на опозициската Нова демократија Константинос Скрекас кој за телевизијата „Антена“ рече дека „Владата мора да одговори зошто во заедничка изјава по средбата Ципрас Оланд стои името Македонија“.
