Ципрас поднесе предлог-закон за пензиски реформи без да ги праша кредиторите
Без координација со кредиторите грчката влада претстави во парламентарните комисии на грчкиот парламент нацрт закон за реформа на пензискиот систем, системот за социјално осигурување и оданочувањето. Предлог-законот е претставен и за јавна расправа.
Промените влијаат на целиот осигурителнен и пензиски систем и го менуваат данокот од доход. Особено, националната пензија би требало да стане 384 евра, под услов дека се плаќале 20 години осигурување.
Токму овој детал доби согласност од доверителите пред време. Ако сепак периодот на осигурување е помал од 20 години, пензијата се намалува за 2% за секоја година осигурителен стаж.
За да се добие таа, се потребни најмалку 15 години стаж. Во овој случај износот на пензијата ќе биде 345 евра, а тоа не е усогласено со кредиторите.
Радикални промени ги очекуваат новите пензионери. Новите пензии се пресметуваат веќе врз основа на новите стапки. Во споредба со сегашните, новите пензии ќе бидат повисоки кај помал осигурителен стаж (до 25 години) и приход до 1.000 евра месечно.
Обратно- пензиите ќе се намалат до 30% (просечно 15% -20%) за оние кои имаат повеќе од 30 години осигурување и плати над 1.500 евра.
Освен тоа се зголемуваат придонесите за работодавачите и се ограничува големината на дополнителните пензии.
Законот предвидува и зголемување на даноците на доход над 40 илјади годишно и врз приходите од изнајмување на недвижен имот во вредност од над 12 илјади евра годишно. Данокот на коцкање се одредува на 35% од износот на добивката.
Оваа стапка се воведува од почетокот на оваа година.
Пензискиот систем и даноците се едни од најтешките прашања во преговорите на Грција со кредиторите. Властите ветија дека нема да се намалува големината на основната пензија, иако барањата на доверителите, кои без нови строги мерки за штедење, го успоруваат завршувањето на првиот преглед на напредокот на реформите.
Без позитивна оценка Грција нема да добие нова транша. Атина очекува да заврши проценката до 22 април, кога е средбата на Еврогрупата.
Вчера (19 април) во Атина беа обновени преговорите на доверителите со претставниците на владата. Во првиот ден по прекинот се дискутираа проблемите на образованието, енергетиката и Фондот за државната сопственост. Според извор во Министерството за финансии во средата на дневен ред се буџетските прашања.
