Ципрас побарал од Меркел пари за Грција
Премиерот на Грција Алексис Ципрас разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел по телефон во неделата и побарал пари за Грција. Тој разговарал и со претседателот на еврогрупата Јерун Деиселблум, пишува германскиот весник "Билд".
Ципрас се обидел да ги убеди двајцата да организираат итен состанок на лидерите на ЕУ оваа недела за доделување на уште средства на Грција, бидејќи државата е под закана од банкрот во следните две недели.
Дипломат од европските институции вели за "Билд": "Пожарот се шири и тие немаат и капка вода, за да го изгаснат - повеќе од драматично е." Според него Грција не може да си ги врати кредитите и воопшто не е јасно дали ќе бидат исплатени целосните плати и пензии.
"Билд" тврди дека како Деиселблум, така и Меркел минатата недела ја откажале вонредна средбата на Ципрас за Грција. Истата била и реакцијата на министрите за финансии од ЕУ во петокот во Рига, пишува ова издание.
По контроверзната презентација на министерот за финансии Јанис Варуфакис на форумот во Рига Ципрас го ублажил тонот и ги зел работите во свои раце, тврдат извори блиски до властите во Атина.
Меѓутоа во Европа се смета дека Ципрас и Варуфакис едноставно ги поделија улогите, како Варуфакис е лошиот, а Ципрас е најдобриот полицаец. Според извори блиски до грчкиот премиер телефонскиот разговор со Меркел течел во добра атмосфера.
