Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас планира посета на Турција поради бегалската криза 

Ципрас планира посета на Турција поради бегалската криза 

Грчкиот премиер Алексис Ципрас планира посета на Турција поради бегалската криза, соопшти атинскиот весник „Вима“.

Според весникот премиерот настојувал за поголема активност во справувањето со кризата. Според Ципрас решавање на оваа криза не зависи само од Европа. Турција има голема улога за бегалскиот бран и токму поради тоа сака да ја посети. „Вима“ сепак не го наведува датумот на посетата, на која очигледно допрва треба да се помират со Анкара.

Премиерот подготвува исто така средба со гувернерите и митрополитите на петте грчки острови, кои се најтешко погодени од бегалскиот бран - Лезбос, Хиос, Кос, Самос и Лерос.

Во среда и четврток во посета на Грција ќе биде претседателот на Европарламентот, Мартин Шулц, кој ќе го посети островот Лезбос.

Слично

Поврзани вести