Ципрас оптимист дека со ЕУ ќе се договорат за долгот
Грчкиот премиер Алексис Ципрас е уверен дека е можно да се најде решение за спорот за долгот меѓу Грција и Европската Унија.
„Многу сум оптимист дека ќе сториме се што можеме да најдеме заедничко, одржливо и взаемно прифатливо решение за наша заедничка иднина“, изјави во Брисел, грчкиот премиер Алексис Ципрас по средбата со претседателот на Европарламентот Мартин Шулц.
„Секако, се уште не сме постигнале договор, но одиме во правилна насока за изнаоѓање на овој значаен договор“, потенцираше тој.
Ципрас во Брисел се сретна и со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, со кои разговараше за најавата на Грција дека ќе ги прекине преговорите со „тројката“ кредитори ЕК, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд и за најавите дека ќе се откаже од програмата за штедење.
Ципрас во Брисел го донесе и новиот план подготвен од министерот за финансии Јанис Варуфакис, за којшто се уште не се познати сите детали, ама Грција се откажува од барањето да и се прости дел од долгот и наместо тоа бара еден дел од долгот да се претвпри во обврзници коишто ќе се врзат за економскиот раст и на тој начин отплатата ќе оди з=во зависност од состојбите во грчката стопанство.
Ципрас од Брисел продолжува за Париз, каде треба да продолжат преговорите за грчкиот долг.
Слично
