Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас: Нема да попуштиме пред уцените на еврозоната!

Ципрас: Нема да попуштиме пред уцените на еврозоната!
Грчкиот премиер Алексис Ципрас порачал дека неговата влада нема да попушти пред уцените на своите партнери од еврозоната и дека не се брза да постигне нова спогодба за исплата нa своите долгови.

Ципрас во обраќањeто на пратениците на грчкиот парламент рекол дека владата работи на постигнување на договор, но додал дека нема да се согласи на компромиси, пренесува Ројтерс.

 Владеачката грчка партија Сириза планира да го одржи ветувањето дадено на гласачите дека ќе ги укине строгите мерки на штедење, воведени во замена за пакетот помош од ЕУ и ММФ.

„Стана нормално да новоизбраните влади постапуваат поинаку од своите предизборни ветувања. Јас повторувам дека, за промена, ние планираме навистина да ги оствариме нашите ветувања“, истакнал Ципрас.

Синоќешниот состанок на министрите за финансии на еврозоната во Брисел е завршен без договор, бидејќи Грција го отфрлила предлогот да го продолжи својот актуелен програм на помош за додатните шест месеци. Ципрас во својот говор во парламентот посебно строго ги коментирал изјавите на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле , кој не попушта во своето противење на грчкиот план да ги укине мерките на штедење. Премиерот на Грција рекол дека Шојбле на синоќешниот состанок „изгубил контрола“ велејќи дека ја жали Грција, и додал дека германскиот министер не треба да ги жали луѓето кои ја држат главата крената високо. Ципрас меѓутоа, ја критикувал карикатурата во еден грчки весик наклонет кон владеачката Сириза, на која Шојбле е прикажан како нацист и додал дека тој цртеж не би требало да го претставува ставот на неговата влада. Премиерот најавил дека грчкиот парламент, во согласност со предизборните ветувања на Сириза, во петок ќе гласа за предлозите на законите во врска со мерките на штедење, од кои некои се во спротивност со одредбите на пакетот помош на меѓународните кредитори. „За нас е моралеn и хуманитарен приоритет да го отплатме долгот на луѓето кои застануваат под тежината на кризата, тоа е нашиот примарен долг", изјавиl Ципрас.
Слично

Поврзани вести