Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас: Нема да бараме помош од Русија!

Ципрас: Нема да бараме помош од Русија!

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја отфрли можноста на побарување помош од Русија и изјавил дека ќе настојува да покрене преговори за новиот договор за исплата на долгот.

-Во значајни преговори сме со нашите партнери во Европа и оние кои ни позајмија пари. Имаме обврски кон нив. Моментално нема други опции на масата - рекол Ципрас во текот на својата посета на Кипар, одговарајќи на прашање дали ќе бара помош од Русија.

Грција, која не може да се задолжува на пазарите и се соочува со притисок да го продолжи моментаниот договор, кој истекува на 28-ми февруари, се обидува да постигне некој вид на договор кој би и дал простор да го изгради предлогот на враќање на долговите.

Меѓутоа, Ципрас го повтори повикот, кој веќе му го упати на министерот за финансии Јанис Варуфакис, да се распушти механизмот на тројката (ЕУ, Европската централна банкаи Меѓународниот монетарен фонд) и да се покренат директни преговори со Брисел и претсатвниците на ММФ.

Германија таа можност ја отфрли , наведувајќи дека во согласност со пакетот на помош е усогласено дека тројката е задолжена за контрола и дека така и би требало да остане.

-Германската Влада не ја гледа причината да се укине механизмот на тројката - рекла портпаролката на германското Министерство за финансии Кристијана Вирц.

Слично

Поврзани вести