Ципрас навести коалиција со ПАСОК
Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас не ја исклучи можноста за коалиција со своите противници „ПАСОК“, ако неговата партија „СИРИЗА“ не освои мнозинство на претстојните избори во земјата овој месец.
Ципрас, кој минатиот месец поднесе оставка и најави предвремени избори, досега ја отфрлаше можноста за соработка со социјалистите од „ПАСОК“, или конзервативците од „Нова демократија“.
Сепак во своето интервју за телевизискиот канал „Контра“ тој навестил дека „СИРИЗА“ би можела да работи со „ПАСОК“, ако лидерот на партијата Фофи Генимата „се разликува од десното крило“.
„ПАСОК“ и „Нова демократија“ во минатото владееле заедно во коалицијата.
Популарноста на „ПАСОК“ се распадна во текот на последните години, а очекувањата на социолозите се дека партијата ќе добие до 5% на изборите во септември. Сепак нејзината лидерка Генимата се надева да ги зголеми шансите за да гласовите се обединат со помалата левичарска партија „Димар“.
„СИРИЗА“ дојде на власт во почетокот на јануари, но премиерот беше принуден да поднесе оставка, откако голем дел од пратениците не го поддржаа при усвојувањето на условите за новиот спасувачки план за земјата, и во таква ситуација тој мораше да се потпре на опозицијата.
Според анкетите „СИРИЗА“ има мали шанси да освои апсолутно мнозинство на гласови на 20 септември.
Според анкетата од вторникот за грчката телевизија „Мега“ „СИРИЗА“ има само 0,5% предност пред конзервативците. Според друго истражување „Нова демократија“ дури се префрлила од првото место на партијата на Ципрас, кога првата добива 25,3%, а втората - 25%.
Ципрас до сега се потпираше на поддршка од националистичката партија „Независни Грци“, со која управува во коалиција во последните осум месеци.
