Ципрас на хотелиерите: Укинете го системот „Ол инклузив“!
Новиот премиер на Грција Алексис Ципрас ветил донесување на мерки за спас на економијата на земјата и признал дека неговата влада нема право на грешка, пренесува агенцијата ЕФЕ.
Ципрас истакнал дека неговите приоритети се на економијата да и пружи шанса и да им помогне на малите фирми на кои им се заканува банкрот. Исто така според неговите зборови, големо значење ќе и се даде на политиката за намалување на невработеноста.
Тој исто така, ветил дека ќе го промени постоечкиот систем на масовен туристички одмор „ол инклузив“ (се вклучено) каков е развиен во Грција во последните неколку денцении, пренесува британски Делји меил.
Конкретно, може да има промени во даночните правила за одмаралишта со таков систем.
„Ние не сакаме да го задржиме постоечкиот модел на интензивна експлоатација на туризмот“, го цитира весникот премиерот.
Ципрас, како што додава Дејли меил, пред се планира да го поддржи враќањето од системот „ол инклузив“ на традиционалните модели на одмор, кога туристите ги посетуваат локалните барови, ресторани и знаменитости.
Хотелите со „ол инлкузив“ понуда се популарни кај семејства со ограничен буџет, кои знаат дека нема да имаат додатни трошоци за храна, пијалок и забава. Истовремено, тие се „катастрофа“ за локалните трговци и сопственици на ресторани, бидејќи се задржуваат зад оградата на одмаралиштето, наведува весникот.
Британските туроператори веќе соопштиле дека промените кои би можела да ги донесе новата грчка влада нема да влијаат на туристите оваа година.
