Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас: Мигрантите од Грција да се пренесуваат во други земји

Ципрас: Мигрантите од Грција да се пренесуваат во други земји

Грчкиот премиер Алексис Ципрас повторно апелираше денеска за итно префрлање на мигрантите од Грција во други земји од Европската унија, пренесе Франс прес.

Ципрас го побара тоа во пресрет на вонредниот самит на ЕУ - Турција во Брисел.

„Непосредно активирање на сигурна постапка за пренос на мигранти од нашата земја кон други земји во ЕУ е апсолутно итно“, рече Ципрас пред сопартијците од левата радикална партија Сириза. Ова ќе се обидеме да го постигнеме во понеделникот во Брисел, додаде тој.

Десетици илјади мигранти се блокирани во Грција и живеат во мизерни услови поради ограничувањата наметнати од некои земји на Балканот, вклучително и од соседна Македонија. Скоро 30 000 мигранти се блокирани во Грција, потсети Ципрас.

„Ние сме единствената земја која ги исполни одлуките и ги презеде обврските договорени заедно од страните во Балканскиот пат во октомври“, рече тој.

„Ние ќе продолжиме да даваме малку она што го имаме на овие протерани и прогонувани луѓе. Меѓутоа, јасно е дека мала земја како Грција не може да го носи товарот на цела Европа во оваа криза“, истакна грчкиот премиер.

Слично

Поврзани вести