Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас кон Меркел на преговорите: И сакото да не сакате да ми земете? Еве ви го!

Ципрас кон Меркел на преговорите: И сакото да не сакате да ми земете? Еве ви го!

За време на разговорите на лидерите од еврозоната во ноќта меѓу понеделникот и неделата грчкиот премиер Алексис Ципрас во еден момент не издржал, го соблекол сакото од себе и се обратил кон германската канцеларка Ангела Меркел со зборовите: „И ова ли сакате да земете?“

Потоа италијанскиот премиер Матео Ренци ги повикал учесниците: „Ако сте решиле да ја исфрлите Грција, бидете одговорни и кажете го тоа!“

Во еден часот среде ноќ разговорот станал жесток до таква мера, што министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле се обратил кон директорот на Европската централна банка Марио Драги со прашањето: „Да не мислите дека сум будала“. Тука сепак на Драги не му останувало ништо друго освен да каже кратко: „Не“.

Дел од овие реплики се соопштени од италијанскиот премиер на локалните медиуми, пренесуваат агенциите.

„Европа е неопходна, бидејќи постојат многу боишта - украинската криза, исламскиот тероризам, нуклеарната програма и преговорите со Иран, Либија ... Медитеранот, во Украина се пука, а ние тука преговараме колку канали ќе има грчката државна телевизија!“, изјавил тој.

Слично

Поврзани вести