Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас кон ЕУ: Не ни се заканувајте!

Ципрас кон ЕУ: Не ни се заканувајте!

Грчкиот премиер Алексис Ципрас вети дека ќе ги исполни сите предизборни ветувања на партијата во однос на големите буџетски рестрикции.

Ципрас зборуваше пред пратениците од Парламентарната група пред гласањето на Законот против сиромаштијата. Ова е првиот нацрт на кабинетот на СИРИЗА по формирањето после предвремените парламентарни избори од 25-ти јануари, пренесуваат агенциите.

Утре грчкиот премиер за време на состанокот на ЕУ ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, директорот на Европската централна банка Марио Драги и претседателот на ЕК Жан Клод Јункер.

„Да ги задржат заканите за себе таму, каде што се наоѓаат. Да не му се закануваат на нашиот кабинет и што е уште поважно, да не му се закануваат на нашиот народ“,  рекол Ципрас пред пратениците, кои бурно го поздравија. „Многу е едноставно, нема да се откажеме од обврските“, истакнал уште Ципрас.

Законот против сиромаштијата, кој беше предложен и покрај противењето на меѓународните кредитори има за цел, да обезбеди „200 милиони евра помош за семејствата каде што сите се невработени и се наоѓаат во крајна беда“.

Слично

Поврзани вести