Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас ќе отпишува долгови – ги сака и гласачите и парите од ЕУ

Ципрас ќе отпишува долгови – ги сака и гласачите и парите од ЕУ
Новата грчка влада има намера да отпише значителен дел од долговите на граѓаните и компаниите кои се наоѓаат во тешка финансиска состојба. Лицата кои внеле во државната каса барем 200 евра во рамките на отплатата на долгот, можат да бидат ослободени од половина од вкупниот износ на нивните долгови, изјави државниот секретар на Министерството за финансии Надја Валвани. Според неа претходната влада ги малтретирала малите должници и ги толерирала богатите Грци. "Сега тоа ќе биде поправено. Апелираме за внимание на големите должници", изјави претставникот на Министерството за финансии. Веста за отпишување на долгот ги налути меѓународните кредитори, бидејќи обврските на владата во Атина се во износ од 320 милијарди евра. Претходно претставници на "тројката" (Европската централна банка, Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд) отфрлија слични планови на претходната влада на Грција, повикувајќи се на фактот дека " на државниот буџет му треба секое евро". Претходно во четвртокот стана јасно дека Германија e на пат да го отфрли барањето на владата во Атина за продолжување на планот за финансирање на земјата без придржувањето кон неговата програма за драстично штедење. "Во писмото од Атина не се содржи никаков суштински предлог", изјави портпаролот на германската влада Мартин Јегер. Всушност барањето е насочено кон обезбедување на мост заем, без да се исполнат барањата на програмата. "Писмото не одговара на договорените во еврогрупата во понеделникот критериуми", рече тој. Министрите за финансии од еврозоната планираат да разговараат на вонредниота свој состанок утре во Брисел за барањето на новата грчка влада за продолжување на помошта. Земјите од еврозоната инсистираат за јасен ангажман на Атина дека ќе ги почитува преземените мерки за реформи и штедење. K.K.
Слично

Поврзани вести