Ципрас ќе му се жали на Путин од ЕУ
Премиерот на Грција Алексис Ципрас ќе ја посети Русија на 18 април. Посетата е закажана месец порано од претходно планираното, соопштија владин извор во Атина.
Премиерот ќе го посети Кремљ, на покана на рускиот претседател Владимир Путин, која претходно беше предвидено да се оствари на 9 мај, кога Русија ќе ја прослави 70-годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна. Канцеларијата на премиерот одбила да го коментира тврдењето на анонимните владини извори.
Поместувањето на датумот за посетата најверојатно е поврзано со тешката финансиска криза која ја тресе Грција. Атина сака да ја запознае руската страна со тешката економска ситуација во земјата, предизвикана од најтешките преговори со партнерите од Европската унија, пишуваат грчките медиуми.
