Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас ќе ја признае независноста на Косово

Ципрас ќе ја признае независноста на Косово

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе го признае Косово.

Ова го објавуваат денес српски медиуми според кои, властите во Атина и лично Ципрас „биле подложени на суров притисок од страна на западните држави“.

„За да добијат финансирање и средства Големите сили го поставуваат како услов на грчката влада и на премиерот Алексис Ципрас признавањето на независноста на Косово“, стои во написите и прецизираат дека самиот Ципрас бил бесен на српскиот министер за надворешни работи и вицепремиер во кабинетот на Александар Вучиќ, Ивица Дачиќ.

Пред некое време Дачиќ го критикуваше однесувањето на грчкиот министер за надворешни работи. Ципрас „бил лут и на самиот Вучиќ, кој ја критикувал економската програма на грчката Влада“.

Потсетуваме дека Косово прогласи независност во февруари 2008 година. До денес над 100 земји, вклучително и Македонија ја признаа независноста на поранешната српска покраина.

Слично

Поврзани вести