Ципрас ќе ја поддржи Турција за ЕУ?
За време на посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Анкара беше разговарано и прашањето за членството на Турција во Европската унија, објави „Хуриет“.
Цитирано е мислењето на премиерот на земјата, Ахмед Давутоглу дека ќе има и регулирање на прашањето за Северен Кипар.
Турција верува дека Атина ќе ја поддржи нејзината кандидатура за членство во Европската унија, повикувајќи се на позитивната оценка на Ципрас за тоа. Двете земји разговараа и на прашањето за ограничување на бегалскиот поток од Блискиот Исток кон Европа.
Според турски медиуми, грчкиот премиер бил оптимист за преговорите за обединување на Кипар. Тоа всушност е и главен услов за нормализирање на односите помеѓу двете земји, како и за приемот на Турција во ЕУ.
