Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас ја предупредил Меркел, дека Атина не може да го плаќа долгот

Ципрас ја предупредил Меркел, дека Атина не може да го плаќа долгот

Премиерот на Грција Алексис Ципрас ја предупредил германската канцеларка Ангела Меркел дека Атина не може да го плаќа долгот, пишува „The Financial Times“.

Весникот се повикува на писмото испратено од Ципрас до Меркел од 15 март.

Во писмото пишувало дека Грција нема да може да ги сервисира обврските од долгот во наредните недели, ако ЕУ не и обезбеди на оваа балканска земја краткорочна финансиска помош. Весникот забележува дека предупредувањето на Ципрас се совпаѓа со зголемените стравувања дека Атина се соочува со сериозна тешкотија во однос на исплата за пензиите и платите до крајот на март и дека земјата може да остане без готовина до крајот на април.

Весникот потсетува дека Меркел се согласила да се сретне со Ципрас на самитот на ЕУ и дека го покани на лична средба во Берлин, која ќе се одржи денес.

Претходно Меркел најави дека без реформи Атина нема да добие пари.

Слично

Поврзани вести