Ципрас им вети на Грците дека нема да отстапи по прашањето за платите и пензиите
Грчкиот премиер Алексис Ципрас, изјавил дека Атина и нејзините кредитори пронашле заеднички договор во преговорите, но додаде дека грчката влада нема да отстапи од црвените линии, кои се одбележани како на пример да нема намалување на пензиите и платите.
Ципрас изјавил дека двете преговарачки страни постигнале согласност за финансиските цели и нивото на ДДВ-то, но не се согласуваат во врска со прашањата поврзани со пазарот на труд и пензиските реформи.
Грчкиот премиер Ципрас додал дека договорот меѓу нив треба да вклучува цели за низок примарен буџетски суфицит за 2015-2016 година и за реструктуирање на грчкиот долг.
На конференција во Атина Ципрас го уверил грчкиот народ дека нема можност или шанса грчката влада да попушти за прашањата поврзани со пазарот на трудот и пензиите.
