Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас и Меркел ќе се состанат следната недела во Берлин

Ципрас и Меркел ќе се состанат следната недела во Берлин

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и германската канцеларка Ангела Меркел ќе се состанат следната недела во Берлин, во обид да се запре вербална војна меѓу двете влади, соопштуваат од Атина.

Посетата ќе се одржи на 23 март и ќе биде прва посета на Ципрас во германската престолнина по неговиот избор на власт во јануари. Двајцата, исто така, ќе се состанат и за време на самитот на ЕУ.

„Ситуацијата е многу сериозна“, изјавил портпаролот на Европската комисија Маргаритис Схинас, додавајќи дека приоритет ќе биде Атина и кредиторите да постигнат напредок во листата со реформи договорени на 20 февруари.

Слично

Поврзани вести