Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас: Грција му врти грб на штедењето но не и на тешкотиите!

Ципрас: Грција му врти грб на штедењето но не и на тешкотиите!

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во Атина изјавил дека со договорот со Еврогрупата за продолжување на финансирањето, Грција „им врти грб на строгите мерки за штедење, но не и на реалните тешкотии“.

-Ја добивме битката, но не и војната. Реалните тешкотии се допрва пред нас - рекол Ципрас во телевизиското интервју оценувајќи дека со компромисот со Брисел, земјата им врти грб на „мерките за штедење и тројката“ странски кредитори.

Грција мора до понеделник да го претстави својот план на реформи бидејќи Еврогрупата одлучила за четири месеци да го продолжи планот на финансиска помош на Грција, но под нејзини услови.

Засега не постои гаранција дека Ципрас ќе добие зелено светло од Еврогрупата за дел од реформите кои предвидува да ги спроведе оваа година, меѓу кои се зголемување на минималната заработка и мали пензии, заштита на запленет имот и престанок на проватизацијата.

Слично

Поврзани вести