Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас: Грција ќе се стреми кон одржлив договор со меѓународните кредитори

Ципрас: Грција ќе се стреми кон одржлив договор со меѓународните кредитори

Грција ќе се стреми кон постигнување на одржлив договор со меѓународните кредитори за третата програма за помош за период од три години, изјавил грчкиот премиер Алексис Ципрас, за време на седницата на политичкиот секретаријат на владејачката партија Сириза, на која е тој лидер, пренесоа агенциите.

„Постојат можности за преговори, кои треба да бидат исцрпени, за да биде колку што е можно повеќе остварлив договорот: ова се прашања во сферата на трудот, постепено воведување на мерки во земјоделството, побарувачката на еквивалентни фискални мерки во сферите на осигурувањето и приватизацијата“, изјавил Ципрас.

Слично

Поврзани вести