Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас ги разлути ЕУ парламентарците: Тоа е национален егоизам

Ципрас ги разлути ЕУ парламентарците: Тоа е национален егоизам

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска предизвика незадоволство кај пратениците од Европскиот праламент бидејки беше побарано Германија да и исплати на Грција надомест од втората светска војна како тие би покриле дел од јавниот долг на земјата.

- Ципрас го направи спротивното од она што требаше да биде - изјавил председателот на социјалниот одбор Џани Пилета осудувајќи го како „враќањето на националниот егоизам“.

Претседателот на одборот на зелените Филип Ламбертс оценил дека грчкото побарување нема да допринесе за преговорите на Грција со кредиторите за решавање на јавниот долг од околу 320 милјарди евра.

- Берлин ќе биде клучот во тие преговори и ќе мора да направи отстапки. Грчкото барање нема да помогне во тоа, изјави Ламбертс.

Европската комисија изрази сомневање дека оваа недела ќе биде постигнат договор со Грција околу продолжувањето на програмата за помош на земјата, оценувајќи дека треба да го чекаат 16 февруари за кога е закажан новиот состанок со Еврогрупата.

- Не очекуваме дека конечен договор ќе биде постигнат утре (во среда) на вондредната седница на еврозоната за Грција - изјавија потпаролката на Европската комисија Мина Андерејева и потсетила дека следниот состанок на еврогрупата е закажан за 16-ти февруари.

Грција би требало до тогаш да се договори со кредиторите за продолжување на помошта која истекува на крајот од месецот. Според наводите на Европската комисија, на утрешниот состанок би требало да ги „разменат ставовите со новата грчка влада“. Европската унија сака да ја убеди Грција да продолжи со програмата за помош и да остане во зоната на еврото.

Слично

Поврзани вести