Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас: Германија користи правни трикови за да не ни плати репарации

Ципрас: Германија користи правни трикови за да не ни плати репарации

Премиерот на Грција ја обвини Германија дека користи правни трикови за да се избегне плаќање на репарации за нацистичката окупација на земјата. Подоцна во вторникот Алексис Ципрас изјави пред парламентот дека ќе го поддржи формирање на специјална комисија која ќе ги испита прашањето.

Берлин смета дека прашањето е одамна завршено, а според извор на „Ројтерс“ многумина од конзервативните пратеници во Бундестагот биле иритирани од грчките претензии и се заканиле дека следниот пат нема да го поддржат планот за помош на Атина.

„По обединувањето на Германија во 1990 година беа создадени правни и политички услови за решавање на ова прашање. Но потоа германската влада претпочита тишина на правните броеви и одложување“, изјавил Ципрас за време на дебатите.

„И се прашувам - бидејки овие денови на европско ниво многу се зборува за моралот -  Дали морална е слична позиција. Не збориме за никого, но е не сакаме нас да ни поучуваат“, додал тој.

Ниедно грчка влада не ја прецизира големината на репарации кои ги сака од Берлин. Во 1960 година тогашната Западна Германија плаќала 115 милиони марки, а 30 години подоцна сите земји, вклучувајќи Грција, потпишуваат договор, со кој се откажуваат од претензии кон обединетата држава. Во 2012 година на парламентарна комисија беше проценето дека Атина треба да добие 162 милијарди евра.

Сега Ципрас тврди дека плаќањето пред 55 години било само бенефиции за жртвите на нацизмот, но не и за штетите од окупацијата во периодот 1941 - 1944 година. Според него прашањето за репарациите е „многу технички и деликатно“, но и дека лично тој има должност да го најде одговорот.

Премиерот индиректно ја врза темата со оваа за финансиската помош за неговата земја. „Ќе ги почитуваме нашите обврски во целост, но и ќе инсистираме да бидат исполнети сите обврски кон Грција и грчкиот народ“, додал тој.

Слично

Поврзани вести