Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас: Германија и ММФ си играат со Грција

Ципрас: Германија и ММФ си играат со Грција
Со владината стратегија на сервилност, Германија и ММФ си играат со Грција, изјави лидерот на опозициската Сириза Алексис Ципрас во Барселона, каде учествува на состанок на Обединетата левица.
Според него, додека Ангела Меркел не може да најде сојузник дури ни во германскиот Парламент, таа има неочекуван поддржувач во Европа, а тоа е Андонис Самарас и неговата Влада.
- Не можеме да дозволиме Влада на која и недостасува сериозност да ја води земјата од еден пораз кон друг, губејќи го дури и последниот кредибилитет во Европа и светот. Уверени сме дека луѓето во Европа ќе му помогнат на грчкиот народ да направи голем пресврт, ја пренесуваат грчките медиуми изјавата на Ципрас.
Слично

Поврзани вести