Ципрас бара состанок со Јункер
Грчкиот премиер Алексис Ципрас побарал состанок со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер наредната недела, соопштил еден извор од грчката влада.
„Премиерот го повика господинот Јункер наредната недела да организираат состнок“, изјавил неименуван извор од владата на Атина, а пренесуваат Франс прес.
Германскиот весник „Жидојче цајтунг“ предходно известиле дека Ципрас сака денеска да се сретне со Јункер, но неговото барање било одбиено.
Официјална Атина, како што пренесува Франс прес, е во потрага да пронајде додатни средства со што би го решила проблемот со огромниот долг.
Европската централна банка (ЕЦБ) вчера им даде извесна надеж кога го зголемила обемот на Брзиот фонд за одржување на ликвидноста (ЕЛА) за додатни 500 милиони евра, со што на грчките банки им се ставени на располагање вкупно 68,8 милијарди евра.
Сепак ЕЦБ го задржа остриот став спрема Атина, препорачувајки им дека е спремна да ја обнови главната финансиска линија за грчките банки кога официјална Атина ќе постигне договор за долгот со партнерите од еврозоната.
Меѓутоа додека не се постигне договор, Грција нема пристап на останатите средства од пакетот на помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд од 240 милијарди евра, а овој месец на Грција ќе и треба околу 6 милијарди евра за отплата на долгот.
