Ципрас бара пари од Меркел за бегалците
Грчкиот премиер Алексис Ципрас и барал пари на германската канцеларка Ангела Меркел, дека на неговата земја и треба финансиска помош за справување со миграциската криза, објави германскиот весник „Билд“, кој се повикува на грчки владин извор.
Според изданието Ципрас и Меркел имале 40-минутен телефонски разговор во средата навечер, за време на кој грчкиот премиер и посочил дека неговата земја има потреба од „техничка и финансиска помош“, за да прифаќа бегалци на островите Лезбос, Родос, Кос, Самос и Хиос.
Колку пари сепак сака Атина не се знае точно. Според последните податоци на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) од почетокот на годината Грција прифатила над 421 000 бегалци, главно Сиријци и Авганистанци.
Властите во Атина ги транспортираат организирано сите мигранти со автобуси и возови до Гевгелија. Само за последните три месеци во текот на овој граничен премин поминале скоро 150 000 луѓе.
