Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас: Ако сака крај на кризата,Унијата мора да го отпише долгот на Грција!

Ципрас: Ако сака крај на кризата,Унијата мора да го отпише долгот на Грција!
Алексис Ципрас кој е лидерот на грчката опозиција  предлага европска средба за отпишување на долгот на јужните земји членки од еврозоната, пренесува Гардијан. Како што изјавува тој во интервјуто дадено за британскиот весник, целта на средбата би била да се најде конечно решение за должничката криза. Според лидерот на Коалицијата на радикалната левица СИРИЗА досега донесените решенија по ова прашање не биле ефикасни. Исто така Ципрас истакнува дека земјите кредитори на Грција и на другите членки од еврозоната треба да имаат поука од историјата и да се справат со проблемите со огромниот долг на начин на кој Германија го направила тоа по завршувањето на Втората светска војна. Затоа вели тој, единствено ефикасно решение е отпишување на долгот не само за Грција, туку за целиот јужен дел на Европската Унија бидејќи во спротивно ќе расте социјалната и економска криза.
Слично

Поврзани вести