Ципарс: Грција мора брзо да го примени спасувачкиот план
Грција треба да ги „спроведе брзо" условите во спасувачкиот договор со ЕУ, кој беше договорен во јули. Тоа неодамна го изјавил реизбраниот грчки премиер Алексис Ципрас.
„Ние сме соочени со обврската брзо да го примениме она што е договорено“, изјавил тој за време на состанокот на кабинетот.
Во последните денови од претходната влада на Ципрас, пред да поднесе оставка во август, земјата го усвои третиот пакет финансиска помош од своите меѓународни кредитори, која сепак ќе и биде доделена во замена за зголемувања на даноците и големи ограничувања.
Пред да се согласи на предлогот на доверителите сепак владата на Ципрас ги отфрли предлозите и дури одржа референдум на кој мнозинството гласачи ја поддржаа владата во неподготвеноста да ја прифати спасувачка програма од доверителите.
Остриот свиок на Ципрас сепак предизвика поделеност на владејачката левичарска партија „СИРИЗА“ и го принуди премиерот да поднесе оставка. Тој, сепак успеа да освои доволно гласови и на предвремените избори, ветувајќи во новиот мандат дека ќе се бори за олеснување на условите за спасувачката програма.
„Свесни сме за тешкотиите од договорот ... Знаеме како да го пронајдеме вистинскиот противотров кога има несакани ефекти“, изјавил Ципрас на средбата на кабинетот.
