Циклон над Македонија носи големо невреме
Невреме од обилни поројни врнежи и грмежи, ќе ја зафати Македонија од денеска, а ќе продолжи и во текот на викенд.
Циклонот Димитар доаѓа од Медитеранот, а во Македонија ќе предизвика потоп на улиците, предвидува метеорологот Славчо Попоски.
За време на циклонот на некои места се очекува да наврне огромна количина воден талог (над 80 литри на квадратни метри).
Повремено ќе дува силен ветер од јужен правец кој се очекува да достигне брзина од преку 60 километри на час. Температурата ќе биде во значително опаѓање и за време на викендот ќе биде за десетина степени пониска од сегашната.

Слично