Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цигарите ќе поскапат за три денари

Цигарите ќе поскапат за три денари
Согласно календарот за зголемување на акцизата за цигари, од први јули 2015 година цената на овој производ ќе порасне за три денари по кутија. Новата, повисока цена во продавниците на Македонија треба да почне да се применува на стартот од летото доколку производителите не решат тие да ја компензираат. Зголемување за 3 дрнари на цигарите се предвидува се до први јули 2016 година, по што во наредните  седум години тие ќе поскапуваат по четири денари за кутија годишно. Ваквиот тренд на покачување за осум години  драстично ќе ги поскапи цидарите во земјава, па така најскапата кутија цигари која денес чини 120 денари, за осум години ќе достигне цена од 154 денари. Дел од парите кои ќе се соберат од акцизата платена за цигарите, според најавеното треба да се искористат за подобрување на здравствената заштита на населението.За пушачите пак тоа ќе биде повисок издаток.  
Слично

Поврзани вести