ЦИА ја предупреди Турција за напади врз руски туристи
ЦИА ја предупредила Анкара дека има бомбаши самоубици на „Исламска држава“ и тројца Палестинци поврзани со соборувањето на рускиот патнички авион на полуостровот Синај, кои подготвуваат напади врз руски туристи, пренесоа агенциите, а цитира весникот „ХаберТурк“. Палестинците се идентификувани како Мумтаз Мухамед (38-годишен), Ајман Абдула Нофал (41-годишен) и Рафаел Абас, чија возраст не се наведува.
Американското разузнавање изјавило исто дека со „Исламска држава“ е поврзан еден маж - Џамал Насамал со кодно име Абу Калид, кој се наоѓа во Турција и подготвува самоубиствен напад.
„Изјавите на Анкара за етнички чистки, божем извршени од Русија во Сирија, се неосновани. Тие докажуваат дека турското раководство се отцепило од реалноста“, изјавила портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, цитирана од агенциите. Турскиот премиер Ахмет Давутоглу ја обвини пред тоа Русија дека врши обид за етничко чистење во Северна Сирија против Арапите , Сунитите и Туркменистанците. Турција ги повика сите свои граѓани да ја напуштат територијата на Ирак, со исклучок на Ирачките Курдистани, поради зголемениот ризик за безбедноста, соопштиле од МНР-то во Анкара.
Познатиот мексикански наркобос Хоакин Гусман Лоерa и се заканил на терористичката група „Исламска држава“, соопшти интернет порталот „Cartel Blog“. Според сајтот лидерот на нарко картелот „Синалоа“ бил многу бесен, откако разбрал како исламистите му уништиле дрога која припаѓала на криминалниот синдикат. Не се прецизира каде терористите го уништиле товарот, но сепак во последните години најголемите картели од Латинска Америка започнаа да прават бизнис во Блискиот Исток. Во пораката се вели дека терористите „ќе платат“, ако продолжат да ги мешаат прстите во дрогата.
