Централната банка на Русија ја намали основата камата до 14% годишно
Централната банка на Русија ја намали основата камата за еден процент до 14 отсто годишно. Стапката е намалена поради создавање на ризици за значително ладење на економијата, се вели во пораката на директорите и бакарите, пренесуваат агенциите.
Во него се наведува дека при слабеење на инфлациските притисоци банката е подготвена да продолжи со намалувањето на основната камата. Готовинскиот регулатор смета дека се формираат такви услови.
Значително зголемување на каматите на кредитите и за бизнисот и населението, и затегнувањето на условите за нивно доделување, условени со забавувањето на кредитирањето и инвестициите во руската економија, наведуваат од банката. Но заедно со тоа, по оценката на банкарите, растот на работната плата во буџетскиот сектор, ревизијата на голем број регулирани од државата цени и тарифи, остануваат клучни фактори за ризик на динамиката и инфлациските процеси.
Се нагласува дека независно од денешното намалување на основната каматна стапка, таа останува доволно висока за формирање на камата на депозитите кои ја стимулираат севкупната активност на населението.
