ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР: Не сме прикривале и уништувале никакви документи!
Цетралниот регистар со соопштение испратено до јавноста демантира дека нивните вработени прикривале, затајувале и уништувале документација од регистрите со кои раководи.
Ова следува откако вчера специјалното јавно обвинителство со судска наредба ги одзело документите од Централен регистар кои им биле потребни во рамки на истрагите што ги водат врз основа на прислушуваните материјали.
Од ЦР велат дека немало ниту опструкции за доставување на документите.
-На Специјалното јавно обвинителство на 11.12.2015 година му е овозможен неограничен пристап до базите на податоци на Централниот регистар по електронски пат, во реално време, 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Притоа не е пријавен никаков проблем при користење на системот од нивна страна пишува во соопштението на Централен регистар.
СЈО влезе во оваа институција откако прво писмено ги побарала информациите, но од ЦР одговориле дека барањето им е несфатливо и во законскиот рок од 30 дена не одговориле позитивно.