Економија, финансии, бизнис

Контакт

Центар ќе плати повеќе од 18.000 евра за вечниот оган

Центар ќе плати повеќе од 18.000 евра за вечниот оган
Општината Центар ќе плати повеќе од 18.000 евра годишно за набавка на плин и техничко одржување на вечниот оган на споменикот на паднатите херои во паркот Жена борец. За оваа намена Центар деновиве склучила годишен договор со две фирми, едната компанијата Пуцко петрол која ќе врши набавка и транспорт на плинот, а другата Продуктион е задолжена за одржување и периодични проверки. Неколку пати досега оганот згаснуваше, па затоа општината за да се одржи неговата симболика, одлучила за тоа да најми фирма која ќе се грижи вечниот пламен да не згасне.
Слично

Поврзани вести