Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цените во рестораните остануваат исти

Цените во рестораните остануваат исти
Цените на угостителските услуги во ноември годинава во споредба со претходниот месец останаа непроменети, а во однос на ноември лани бележат зголемување од 0,4 проценти,  соопштуваат од Државниот завод за статистика. Според објавените податоци во ноември, во однос на октомври годинава зголемување е забележано кај храната за 0,1 отсто, додека кај ноќевањата има намалување од 0,4 проценти. Цените на угостителските услуги за периодот јануари-ноември 2012 година, во  однос на овој период од минатата година, се  на исто ниво, додека во однос на декември 2011 година е  зголемен за 0,3 проценти.
Слично

Поврзани вести