Цените на станови во Шведска пораснаа на историски највисоко ниво
Во текот на првите девет месеци на 2015 година становите во Шведска пораснале, во просек 14 одсто на годишно ниво. Еконoмистите предупредуваат на ризици на неодржливост на цената.
Кон крајот на септември, просечна цена на стан во зграда изнесувала 3880 евра, што е како, пренесуваат шведските медиуми, највисока просечна цена на стамбен квадрат во историјата.
Поединечно, најголемиот годишен раст на цените на станови бележеи Гетеборг со раст на цената од 14 одсто на ниво на град, додека во центарот стамбените квадрати пораснале 15 одсто.
Центарот на Стокхолм е и понатаму најскапа локација во земјата, со просечна цена од 9700 евра по метар квадратен.
Шведскиот Национален институт за економски истражувања предупреди дека наскоро би можело да дојде до колапс на пазарот за недвижнини.
„Ние почнуваме да се грижиме за развојот на пазарот на недвижности. Ако не се забави тој тренд на пораст, постои ризик од колапс на пазарот и брз пад на цените“, предупредува Институтот.
Цените на недвижностите во Шведска се зголемија нагло кога централната банка „Riksbank“ одлучи да ја зголеми основната каматна стапка до минус -0,35 отсто, со цел да се поттикне растот на инфлацијата до 2 отсто.
Во октомври годишната стапка на инфлација изнесувала 1,1 отсто.
Истовремено, „Riksbank“ го зголемила обемот на купување на државни обврзници за 65 милијарди круни (околу 7 милијарди долари) до 200 милијарди круни.
