Цените на недвижностите во Грција може да паднат за 18% до 2017 година
Пазарот на недвижности во Грција се очекува да влезе во нов циклус на пад како резултат на зголемениот притисок врз економијата, пишува интернет изданието на грчкиот весник. "Катимерини", повикувајќи се на прогнози на оценителската компанија GLP Values.
Компанијата предвидува дека во следните две или три години цените на недвижностите во земјата може да се намалат со околу 18%.
Ако прогнозата се потврди, вкупниот пад на цените на недвижностите во земјата ќе достигне 60%, заедно со падот од последните години, коментира Тасос Цомбанидис од GLP Values.
Компанијата го има предвид застојот при трансакциите на имот во првото полугодие.
Истовремено компанијата изразува загриженост поради новото законодавство за затварање на имот и принудната продажба. Кон моментов тендерите за присилна продажба на имот се остваруваат при цена која се поставува на база на проценката на имотот за даночни цели. Во иднина сепак ќе уживаат во пазарните цени, кои поради падовите во последниве години се многу пониски од другите проценки.
Промените имаат за цел да ги решат проблемите од последните години, поради кои повеќето од имотите на јавна продажба на крајот не пронашле купувач.
Мерките сепак се очекува да ја подобрат наплатата на банките, кои се буквално затнати од проблематични хипотеки.
Сепак Владата во Атина вети дека ќе го заштити главното живеалиште на сопствениците на имот со долгови. Здружението на банките исто така, потврди дека нема да го одземе главното живеалиште на должници.
Слично
