Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цените на нафтата во пад поради силниот долар

Цените на нафтата во пад поради силниот долар

Цените на нафтата во текот на денешното тргување во Азија паднале, бидејќи силниот долар и веста за рекордно ниво на светски залихи извршија притисок на цените на „црното злато“.

Американската „лесна“ нафта (WTI) за испорака во јануари поефтинила 84 центи на 41,06 долари за барел, додека за 51 цент поефтинила и сировата нафта од типот „брент“ на 44,15 долари, исто така за јануарски испораки.

Цените на нафтата во петокот паднаа на двомесечен минимум, откако Меѓународната агенција за енергетика соопшти дека глобалните комерцијални залихи достигнале ниво од дури три милиони барели, пренесува Франс прес.

Сите поголеми очекувања дека американската Управа на федерални резерви (ФЕД) наредниот месец ќе ги подигне каматните стапки, прв пат во последната деција, влијаеше на јакнење на вредноста на доларот, што се одрази врз падот на цената на нафта.

Во изминатите година и пол, светските цени на нафта се повеќе од преполовени, бидејќи глобалното производство ја надмина побарувачката, а ИЕА во петокот прогнозираше дека светската побарувачка ќе порасне за скромни 1,2 милиони барели во наредната година.

Силниот долар ја прави нафтата поизразена во таа валута да биде поскапа за купувачите кои користат послаби валути, што ја намалува побарувачката и доведува до пад на цените наведува Франс Прес.

Слично

Поврзани вести